Специјалци влетаа среде натпревар за да приведат тенисерки (ВИДЕО)

Неверојатни сцени се забележани во Белорусија, каде што специјалните полициски сили влегле на натпревар за да ги приведат тенисерките.

Според соопштението на министерството за внатрешни работи на Белорусија, во акцијата се уапсени 19 лица кои се осомничени за учество во голема измама поврзана со обложување.

Истрагата утврдила дека организирале наместени кошаркарски и тениски турнири во Белорусија, но и странство, кои потоа ги пренесувале на интернет платформи за обложување за да ги измамат играчите и да добијат материјална корист.