Скандал во Лондон: Американец одби да се поздрави со Ѓоковиќ (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ имаше импресивен настап на Лејвер Купот во текот на вчерашниот ден, но победата против Франсис Тиафо падна во сенка поради потегот на американскиот тенисер Томи Пол.

Американецот забележа дека Ѓоковиќ се поздравува со колегите и се приближува кон него, по што се заврте на спротивната страна, а навивачите сметаат дека Пол намерно го направил тоа за да избегне поздрав со Србинот.

Пол во моментов е на 29. позиција на АТП-листата, а во кариерата има освоено само една титула, додека на гренслем-турнирите стигна до четвртото коло на Вимблдон.