Скандал во Колумбија: Судија ѝ „украде“ гем на тенисерка (ВИДЕО)

Неверојатна грешка направи еден судија на турнир во Колумбија, а жртва беше тенисерката Астра Шарма, која со право се пожали на судењето по натпреварот.

При резултат 1-1 во третиот сет од мечот со Џулија Гато-Монтиконе од Италија, судијата Луис Армента Кастро во третиот поен од гемот се симна дали топката на Италијанката заврши во аут, а отакко потврди наместо да каже дека резултатот е 0-40, тој кажа 30-15 за Италијанката.

Потоа Шарма освои уште еден поен, кој ќе ѝ донесеше брејк, но судијата кажа 40-30 за Италијанката, што предизвика револт кај навивачите, но и кај тенисерката од Австралија.

„Не, тоа не е во ред. Воопшто не е во ред. Мислам дека и тенисерките се збунија. Ова е необично“, кажа коментаторот.

Шарма не успеа да ја добие караницата со судијата, па го загуби мечот.

„Тоа беше срамно. Ми кажа дека не бил сигурен во резултатот, но бидејќи не можев да му кажам како ги освоив поените, не можев да продолжам караница за тоа“, вели таа.

Исто така, од ВТА ѝ порачале дека треба да си ја научи лекцијата и да се фокусира повеќе на резултатот наместо на нејзината тениска кариера, барем така објави Шарма.