Скандал во Белград: Фоњини пцуеше, викаше по судијката, па удираше со рекетот (ВИДЕО)

Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини направи голем скандал на турнирот „Белград опен“, изразувајќи силно незадоволство кон судијката Маријана Вељовиќ во завршницата на мечот против Русинот Роман Сафиулин.

Инцидентот се случи во вториот сет, кога Фоњини, видно вознемирен поради сопствената лоша игра, прво пцуеше, па го шутираше рекетот, што доведе до опомена од српската судијка. Поради тоа што не успеа да се смири, таа му одзеде поен што предизвика уште поголема вербална расправија со Италијанецот, познат по своето контроверзно однесување на теренот.

Мечот заврши со пораз на Фоњини (3-6, 3-6), а Сафиулин обезбеди место во осминафиналето, каде што ќе се сретне со третиот носител на турнирот, Франсиско Серундоло. По завршувањето на дуелот, Фоњини ѝ подаде рака на Велјовиќ, но без да ѝ се извини. Видеото од друг агол видете го ТУКА.