Надежите до 15 години во ефикасен натпревар поразени од Србија

Maкедонската фудбалска репрезентација до 15 години на тренинг центарот „Петар Милошевски“ денеска го одигра првиот од двата контролни натпревари со Србија.

Во ефикасен натпревар македонски надежи беа поразени со 4-2. Србија беше многу подобра на почетокот и по првите 25 минути водеше со 3-0. Два гола постигна, Данило, а еден беше дело на Кикиќ.

По почетниот шок Македонија со два брзи гола во 28. и 31 минута намали на 3-2. Стрелаа СПировски и Ристиќ. Конечни 4-2 беа поставени со гол на Исаков во 90. минута.

Македонија - Србија   2:4 (2:3)

Македонија: Димитар Петров (г), Кристијан Нелоски, Михајло Павлов, Матеј Бочески, Матеја Масев, Амар Акики, Лука Спироски, Дардан Адеми, Стефан Ристиќ, Павел Стојанов, Марин Крстевски;