Артета доби одлична вест во вистински момент (ВИДЕО)

Капитенот на Арсенал, Мартин Одегард коечно се опорави од повредата и повторно е со остатокот од екипата.

Денеска Одегард одработи комплетен тренинг со екипата на еден ден пред натпреварот против Интер во Лигата на шампионите и скоро сигурно ќе биде на клупата за резервни фудбалери во овој натпревар.

Норвежанецот е надвор од терените два месеци, а сезонава одигра само три натпревари за Арсенал и јасно е дека многу му недостасуваше на тренерот Артета.

Без него Арсенал не е иста екипа и се враќа во вистински момент бидејќи по натпреварот со Интер, Арсенал го чека дерби во Премиер лигата против Челси.

Во овие два натпревари Одегард би требало да добие минутажа од клупата, а потоа да продолжи да биде редовно стартер.