Во Бразил сцена како од „Ел Класико“ во 2002: Навивачи фрлија свинска глава (ВИДЕО)

Tимот на Коринтијас го победи Палмеирас со 2-0 во бразилската Серија А, но натпреварот го привлече вниманието поради една бизарна сцена.

Во моментите кога Рафаел Веига се подготвуваше да изведе корнер на теренот беше фрлена свинска глава која потсети на моментот од „Ел Класико“ во 2002 година. Тогаш навивачите на Барселона ја фрлија свинската глава кон Португалецот кој ги напушти и премина во големиот ривал.

„За малку ќе ја повредев ногата, мислев дека е перница“, изјави Јури Алберто кој ја шутна, но за среќа избегна повреда.