Синот на Ѓоковиќ се појави во Монте Карло: Го гледаше својот омилен тенисер (ВИДЕО)

Стефан Ѓоковиќ, синот на Новак Ѓоковиќ денеска привлече внимание на појавувајќи се на трибините во полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло каде што гледаше својот омилен тенисер.

Иако неговиот татко за многумина е најдобриот на сите времиња, Стефан Ѓоковиќ има друг идол во белиот спорт.

Веќе три години синот на Новак навива за Карлос Алкараз. Претходно беше фан и на Рафаел Надал кој повеќе не е активен на терените.

„Мојот син е за Надал, но и за Алкараз. Надал веќе некое време не е највисоко ниво, па поради тоа навива повеќе за Алкараз. Двајцата многу му се допаѓаат, но гледам дека повеќе сега ги копира потезите на Алкараз кога игра. За мене тоа е интересно“, изјави Ѓоковиќ во 2022 година.

Очигледно низ годините работите не се промениле многу и малиот Стефан и понатаму го следи Шпанецот.