Алкараз преку Фокина до финале во Монте Карло!

Шпанскиот тенисер  Карлос Алкараз е првиот финалист на турнирот во Монте Карло откако денеска со 2-0 (7-6, 6-4) во сетови го совлада сонародникот Давидович-Фокина.

Пружи отпор Фокина против третиот светски тенисер, но не успеа да приреди изненадување.

Првиот сет беше одлучен по тај-брајк откако двајцата тенисери по двапати го изгубија својот сервис. Во тај-брејкот Алкараз прикажа многу подобра игра и со 7-2 го освои сетот.

Вториот сет Алкараз го започна со брејк уште во првиот гем, а на крајот тој се покажа и како доволен за освојување на сетот и победа.

Во финалето шпанскиот тенисер ќе го чека подобриот од денешнното второто полуфинале кое ќе го играат Лоренцо Мусети и Алекс Де Минор.

Фото: EPA PHOTO