 
  Синер на три победи од враќање на првото место на АТП листата
Неполни два месеца подоцна, првото место на Шпанецот виси и таму в понеделник би можел да се врати Јаник Синер. Шпанскиот тенисер од УС Опен настапи на само два турнира, во Токио каде ја освои титулата и сега во Париз каде доживеа елиминација уште во второто коло. За разлика од него, Синер играше повеќе, минатата недела триумфираше во Виена, а сега чекори и кон титулата во француската престолнина.
Ако успее да дојде до неа, ќе се врати на првото место на АТП листата, но не е многу веројатно дека таму ќе остане до крајот од сезоната. Дотогаш нема уште многу да се игра бидејќи останува уште завршниот Мастерс во Торино, од 9 до 16 ноември.
На него Синер брани 1.500, а Алкараз само 200 бода. Со оглед на тоа што со евентуален триумф во Париз, Италијанецот би бил во предност од 250 бода во однос на својот најголем ривал, јасно е дека нема долго да остане на чело и дека Алкараз многу веројатно ќе ја заврши годината на челната позиција.