Синер имаше необичен тренинг пред дуелот со Ѓоковиќ – трчаше бос по трева!

Првиот светски рекет, Јаник Синер, повторно го привлече вниманието на Вимблдон – овој пат не само со тенисот, туку и со необичниот завршеток на тренингот, кога бос трчаше по тревата на терените за подготовки на тенисерите.

Италијанецот, кој денеска ќе се соочи со Новак Ѓоковиќ во второто полуфинале, вчера одработи поинтензивен тренинг, а по завршување на сите „обврски“ ги соблече патиките и бос почна да трча по тревната подлога – техника што неговиот тим ја нарекува „уземјување“, со цел подобра стимулација на нервите во стапалата, релаксација на мускулите и побрзо опоравување.

Синер тренираше со сонародникот Пјерлуиџи Базиле, а на раката повторно носеше стегач, бидејќи претходно се жалеше на болки во лактот. За разлика од претходните денови, кога вежбаше во полесен ритам, овојпат влезе со зголемен интензитет, што е добар знак за него пред дуелот со Ѓоковиќ.

Претходно, во првото полуфинале на Вимблдон, силите ќе ги одмерат Карлос Алкараз и Тејлор Фриц.

ФОТО: X / @nishikoripicks