„Синер и Алкараз би го победиле Надал во неговата најдобра форма“

Легендарниот американски тенисер Џон Мекинро излезе со една од најхрабрите проценки, по епското финале на „Ролан Гарос“, меѓу Алкараз и Синер.

Тој смета дека актуелните ѕвезди на светскиот тенис би го победиле „кралот на земјата“ Рафаел Надал и тоа на неговиот омилен турнир.

„Знам дека е лудо ова што го зборувам, но јас верувам дека Алкараз и Синер, со таква игра каква што покажаа во финалето, би биле фаворити и против Рафаел Надал од неговите најдобри денови. Свесен сум како звучи ова што го реков, знам дека 'големото трио' обележа една ера, но навистина верувам во тоа“, рече Мекинро.

Сепак, Американецот не верува дека Синер и Алкараз би ги достигнале Федерер, Надал и Ѓоковиќ по бројот на Гренд слем трофеи. Алкараз во моментов има пет, а Синер три титули на најсилните турнири.