Синер е оптимист: Ѓоковиќ ќе биде подготвен за Вимблдон
Според прогнозите, на Вимблдон нема да настапи српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ поради повредата и операцијата, меѓутоа Италијанецот смета дека неговиот повозрасен колега ќе биде подготвен за турнирот.
„Мислам дека Ѓоковиќ ќе игра на Вимблдон. Негова цел е да се врати на теренот што е можно побрзо и мислам дека ќе успее во тоа во Лондон“, кажа Синер.