Швјонтек се намачи за второ коло во Мелбурн, победа за Циципас, а пораз за Вавринка!

Најдобрата светска тенисерка, Ига Швјонтек, потешко од очекувањата се пласира во 2. коло од Австралија опен, откако утринава на стартот од првиот гренслем во годината ја совлада Германката Јул Нимајер со 6-4, 7-5.

Фаворитката се најде во непријатна ситуација во вториот сет, во кој аутсајдерката поведе со 5-3 и сервираше за триумф, што делуваше како отрезнување за Полјачката, која ги освои следните четири гема и стави крај на мачењето.

Во второто коло во Мелбурн се пласираше и Гркот Стефанос Циципас, кој го совлада Квентин Хелјис (Франција) 6-3, 6-4, 7-6 . Настапот на Австралија опен го заврши поранешниот шампион Стен Вавринка, кој во пет сета беше елиминиран од Словакот Алекс Молчан.