Швјонтек продолжува да реди победи - стигна до 37

Ига Швјонтек се пласираше во 3.коло на Вимблдон откако денеска во три сета ја совлада Лесли Патинама Керкове. 

Првата фаворитка го доби првиот сет со 6-4, но потоа противничката од Холандија врати со 4-6. Во решавачкиот трет сет Полјачката славеше со 6-3 и ја запиша 37-та победа по ред.

Таа се израмни со Мартина Хингис, која во 1997 година исто така имаше 37 победи по ред. Во следната рунда Швјонтек ќе игра со Ализ Корне.