Шпанија има нов херој: Во саботата го погреба својот татко, вчера го донесе Дејвис Купот
Иако Надал ја запечати победата на својата репрезентација, вистинскиот херој беше Агут. Тенисерот во текот на минатата недела ја напушти репрезентацијата, бидејќи почина неговиот татко.
Во саботата Агут беше на погреб, а веќе вчера играше за Шпанија и оствари победа од 2-0 со 7:6 и 6:3 против Феликс Ожие-Алиасим. Тоа беше неверојатно емотивен момент за тенисерот, по што цела земја му се поклонува. Собра сили по една тешка емотивна состојба да биде вистински професионалец и спортист.
Секоја чест за Агут.
„Тоа што Агут го направи, за мене, е речиси неверојатно. Не може да се опише. Тој ќе ми биде пример до крајот на животот“, изјави Рафаел Надал.