Шелтон го доби маратонот со Сонего и првпат во кариерата ќе игра полуфинале во Мелбурн

Американскиот тенисер Бен Шелтон е трет полуфиналист на Австралија Опен откако утринава го победи Лоренцо Сонего со 3-1 (6-4, 7-5, 4-6, 7-6).

Натпреварот траеше безмалку четири часа на голема жештина во Мелбурн, а донесе многу возбудувања и долги гемови. Сонего ја пропушти својата шанса во шестиот гем од четвртиот сет кога имаше брејк топка, но не ја искористи и потоа падна во тај-брејк.

За Шелтон ова е второ полуфинале на Гренд слем турнирите откако во 2023 година стигна до оваа фаза во Њујорк, но првпат е меѓу четворицата најдобри во Мелбурн. Во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Синер и Де Минор кој почнува наскоро.