Сензација во Монте Карло: Фоњини го елиминираше Надал!

Фабио Фоњини одигра спектакуларен меч во полуфиналето од турнирот во Монте Карло, каде што го елиминираше Рафаел Надал со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 6-2.

Фоњини го почна добро мечот, откако успеа да му го одземе првиот сет на Надал за водство од 1-0, но вториот тенисер во светот успеа со два брејка по ред да стигне до 3-1. Сепак, неговата предност не траеше долго бидејќи Италијанецот двапати му го одзема сервисот и го доби првиот сет со 6-4.

Во вториот сет следуваше хорор за Шпанецот, откако загуби дури три гема на свој сервис, па противникот водеше со 5-0 и во шестиот гем имаше три меч-топки, кои не ги искористи.

Сепак, Надал успеа да ги добие наредните два гема и намали на 2-5, но толку му беше силата на Шпанецот, откако одличниот Фоњини успеа да го добие осмиот гем и да ги постави конечните 6-2.