Руска тенисерка опцу во пренос кога слушна против кого ќе игра во следното коло (ВИДЕО)

Русинката Дарија Касаткина важи за една од тенисерките кои не сакаат самоцензура, туку секогаш го кажуваат што што го мислат, па дури и ако тоа вклучува пцуење.

Моментално 14-та тенисерка во светот ја победи Марта Костјук на турнирот во Берлин (серија 500) и уште додека беше на теренот дозна дека нејзина следна противничка ќе биде Арина Сабаленка, актуелната шампионка на Австралија Опен. Тоа, најблаго кажано, не ѝ се допадна, особено што ги загуби последните три натпревари против истата ривалка.

„Сра*е“, рече таа гледајќи настрана и почна да се смее додека даваше изјава во живо.

Натпреварот помеѓу Касаткина и Сабаленка е закажан за утре, а тоа ќе биде прв меч на Белорусинката на трева и прв по поразот од Мира Андреева на Ролан Гарос.