Рубљов ја отвори душата: За малку ќе останев без тестис!

Рускиот тенисер Андреј Рубљов, кој е прв носител на турнирот во Стокхолм, откри дека поминал низ голема драма по Ју-Ес Опен.

Рубљов во разговор со новинарите кажал дека завршил во операциона сала и за малку ќе останел без тестис.

„Не знам како да објаснам најдобро. Ме прегледаа докторите и ме примија како итен случај на операција. Имав многу среќа затоа што ми кажаа дека пет-шест часа не сум имал доток на крв до таа зона, поради што била неопходна ампутација. За малку ќе останев само со еден тестис“, откри Рубљов.

Русинот се наоѓа на седмата позиција на АТП-листата со 4.110 бодови.