Рубљов го растури Гојо за водство на Русија во финалето на Дејвис купот

Руската тенисерка репрезентација води со 1-0 во финалето на Дејвис Купот, откако Андреј Рубљов триумфираше против хрватскиот тенисер Борна Гојо со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 7-6.

Првиот сет беше решен со еден брејк во седмиот гем, кога Рубљов поведе со 4-3, по што сервираше сигурно за да го освои сетот со 6-4.

Двајцата тенисери успешно го чуваа својот сервис во вториот сет, по што победникот мораше да се решава во тај-брејк, каде што подобар беше Русинот со 7-5.

Вториот меч во финалето го играат Данил Медведев и Марин Чилиќ.