Прво изненадување во Мелбурн: Патот за Циципас заврши уште на стартот

Финалистот од 2023 година Стефанос Циципас доживеа сензационален пораз во првото коло од Австралија Опен.

Подобар од него беше американскиот тенисер Алекс Микелсен кој славеше со 3-1 (7-5, 6-3, 2-6, 6-4). Во првите два сета Циципас како да не постоеше на теренот, не само што не оствари ниеден брејк, туку немаше ни шанса за тоа. Наспроти него, Микелсен освои по еден брејк во двата сета и за 79 минути веќе водеше со 2-0. Откако намали на 1-2, Циципас ја пропушти својата шанса во четвртиот сет во кој загуби дури три гема на свој сервис и заслужено е елиминиран.

Во второто коло, 20-годишниот Микелсен кој е 42. на АТП листата ќе се сретне со домашниот тенисер Мекејб.