Бесни навивачи испраќале смртни закани до трагичарот на Арсенал

Eкипата на Арсенал претрпе пораз од Манчестер јунајтед во финалето од ФА Купот и така продолжи со испаѓањето од англиските купови со што дополнително ги налути наиввачите на овој клуб.

Како главен виновик за поразот фановите го означија Каи Хаверц. Германецот беше тој кој не го реализираше одлучувачкиот пенал во серијата, но во текот на натпреварот пропушти и неколку прилики да се запише во листата на стрелци.

Лошиот настап на Хаверц толку многу налутил дел од фановите што добивал смртни закани.

Партнерката на Хаверец, Софија на социјалните мрежи објави дека таа и Хаверц добивале закани по живот, но исто така заканите биле упатени и за нејзиното неродено дете.