Познат доктор удри по Шпанецот: Надал дефинитивно се – допингуваше!

Францускиот доктор и водечки експерт за допинг, Жан-Пјер Монденар, остро ја нападна Тениската антидопинг агенција (ИТИА), обвинувајќи ја дека ги штити најголемите ѕвезди на спортот кои користеле недозволени супстанци.

Тој ги наведе неодамнешните случаи со Јаник Синер, Ига Швјонтек и Макс Пурсел – сите, според него, казнети поблаго од очекуваното. Синер доби само три месеци суспензија, Швјонтек е суспендирана еден месец, а Пурсел ќе паузира 18 месеци, иако правилата предвидуваат четиригодишна суспензија за неговиот прекршок.

„ИТИА секогаш изрекува минимални санкции во случаи на допинг во тенисот, тоа веќе не е никаква новост“, напиша Монденар на социјалните мрежи.

Докторот се осврна и на случајот со Рафаел Надал од 2009 година, потсетувајќи на користењето инјекции со забранетата супстанца бетаметазон за лекување на повреда на рамото. Иако Шпанецот тогаш имал медицинска дозвола за користење на супстанцата, францускиот доктор сугерира дека и овој случај е дел од поширок проблем на прикривање на вистината од страна на надлежните институции.

„Тоа што го правеше Надал дефинитивно беше допинг, ама остана неказнет“, потенцира Французинот.

Објавата на Монденар предизвика лавина реакцииво тениската јавност, повторно отворајќи прашања за транспарентноста и интегритетот на допинг-контролите во светот на тенисот.

ФОТО: X / @RafaelNadal