
Поранешен велосипедист тврди: Ѓоковиќ мора да биде суспендиран!
По дуелот против Велика Британија, тестот беше направен, но поранешниот француски велосипедист Марк Мадио побара суспензија за Новак Ѓоковиќ и другарите.
„Има правило за допинг-контрола и пред и по натпревар. Ако анти-допинг телото добро ја работи својата работа, господинот Ѓоковиќ мора да биде суспендиран. Одби тест пред мечот, го направи потоа. Во велосипедизмот, ако одбиеш тест, тој автоматски е позитивен и вие сте казнет. Немате право да одбиете тестирање, тоа е правило.
Во асортиманот на допинг производи, постојат такви кои можат да се детектираат само во многу ограничен временски интервал. Ако не се тестирате пред почетокот на мечот, може подоцна да дојде до исчезнување на трагите на тие производи. Поради тоа е воведено тестирање пред натпреварите. Нереално е Ѓоковиќ да добил само опомена“, вели Мадио.
Српската репрезентација ја победи Велика Британија, но загуби од Италија во полуфиналето од Дејвис купот.