Откриено зошто Ѓоковиќ јаде трева по освојување на Вимблдон

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Роџер Федерер во финалето на Вимблдон со 3-2 во сетови, па така го освои петтиот трофеј на гренслем-турнирот.

Исто така, на крајот на мечот фановите беа сведоци на традицијата на Ѓоковиќ, кој јадеше трева.

Многумина се запрашаа зошто го прави тоа Ѓоковиќ по секое освојување на Вимблдон, а Србинот имаше одговор на тоа.

„Како дете сонував да го освојам Вимблдон и тоа уште тогаш ми беше една од желбите кога ќе победам во финале“, кажа Ѓоковиќ.