„Не може фудбалер да одлучува за 130-годишната тениска историја!“

Шестиот светски рекет Александар Зверев пред два дена беше елиминиран во четвртфиналето на турнирот во Минхен, но сега реши во целата нервоза малку да го поткачи Жерар Пике, ѕвездата на шпанска Барселона чија компанија „Космос Тенис“ направи реформи во Дејвис-купот.

Пике кој застана против формирањето на фудбалската Суперлига, се најде на жесток удар за неговите реформи во Дејвис Купот, а Зверев не играше на инугуративниот прв реформиран Дејвис Куп, а е еден од низата што се противеше на ваквите реформи.

„Не може со пари да уништите нешто што е 120 или 130 години тениска историја. Посебно не ако сте фудбалер, а доаѓате и велите: 'од сега вака ќе играте'. И гледајте за чудо, сите прифатија. Гледате ли зошто дојде до создавање на фудбалската Суперлига. Сето ова ме прави многу тажен“, вели Зверев.