Најдобриот светски тенисер донесе тешка одлука и ги разочара фановите
Информацијата Синер ја соопшти преку социјалните мрежи.
„Иако напорно работев со мојот тим и медицинскиот персонал, моравме да донесеме тешка одлука и оваа година нема да можам да настапам на Ју-Ес Опен. Во последните неколку дена повторно трениравме на терените во Монте Карло и сфативме дека ми е потребно уште време за да се опоравам од повредата на десното колено“, порача Синер.
Италијанецот истакна дека е разочаран бидејќи Њујорк има посебно место во неговото срце.
„Навистина со нетрпение очекував да се вратам и да играм во таа неверојатна атмосфера пред фантастичната публика“, порача Синер.
Синер се обидуваше да ја санира повредата на десното колено, но по враќањето на тренинзите во Монте Карло очигледно заклучил дека не е подготвен за враќање.
Последен пат Италијанецот настапи на Вимблдон, каде што на крајот и триумфираше и за него тоа беше петта грен-слем титула во кариерата.
Фото: ATP Tour