Ракометен спектакл во Гевгелија: Вардар и Охрид ќе се борат за трофејот во Суперкупот

Новата ракометна сезона во Македонија ќе почне со битката меѓу Вардар и Охрид во Суперкупот, кој се игра на 2 септември во салата „26 април“ во Гевгелија“ со почеток од 19 часот.

Двете македонски екипи ќе се борат за првиот трофеј во сезоната, откако во изминатиот период се засилија и потврдија дека во новата сезона ќе имаат високи амбиции на домашна, но и европска сцена.

Организаторите дополнително ќе објават детали за продажбата на билетите за спектаклот во Гевгелија.

Суперкупот на Македонија се игра меѓу Вардар и Охрид во Гевгелија на 2 септември од 19 часот.

Фото: РК Вардар