Ѕвезда на Барселона донира 1,3 милиони евра за изградба на станови за бездомници!

Фудбалерот на Барселона, Гави реши да донира 1,3 милиони евра за да се изградат 150 домови за бездомници во неговиот роден град Лос Паласиос и Вилафранка.

Гави кажа дека сакал нешто да направи за сиромашните лица во градот и да им помогне на колку што може повеќе луѓе.

„Сум видел премногу луѓе како се борат да преживеат во студените зимски ноќи без безбеден покрив над главата. Отсекогаш сум верувал дека имам одговорност да помогнам кога имам можност да направам разлика“, кажа Гави.

Фото: Facebook/FC Barcelona