Челси потврди дека друг клуб ќе игра Лига на шампиони на „Стенфорд Бриџ“

Иако Челси оваа сезона не обезбеди пласман во европските натпреварувања, на нивниот стадион сепак ќе се играат натпревари од Лигата на шампионите.

Лондонскиот клуб денеска потврди дека украински Шахтјор ќе биде домаќин на „Стемфорд Бриџ“. Тимот од Доњецк со освојувањето на титулата во домашното првенство обезбеди директен пласман во Лигата на шампионите, но поради актуелните случувања во Украина, веќе подолго време не е во можност да игра на својата „Донбас арена“.

Домашните натпревари во европските натпреварувања Шахтјор досега ги играше во Полска, во Варшава и Краков, како и во Германија, во Хамбург и Гелзенкирхен.

Фото: Chelsea FC