Надал за малку не заплака: Ова е емотивен момент за мене, имам 33 години! (ВИДЕО)

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го доби трофејот кој е наменет за играчот кој ќе ја заврши годината на првотот место на АТП листата.

Тој овој трофеј го прими на многу емотивен начин, иако за него ова беше петти пат како ја завршува годината на врвот на светската ранг листа.

Јас сум навистина среќен по сето она што се случи во мојата кариера. Никогаш не сонував дека на 33-години повторно ќе го држам овој трофеј. Ова е многу емотивно за мене. Јас многу вложив во себе за да бидам таму каде што сум, изјави Надал при примањето на трофејот.

Инаку, тој вечерва ќе го чека исходот од натпреварот помеѓу Александар Зверев и и Данил Медведев, а со едентуален триумф на Русинот че омедбеди полуфинале на Завршниот мастерс во Лондон.