Надал: Тешко ми е - болките во стапалото ми ја одзема сета желба!

Најтрофејниот светски тенисер Рафаел Надал, со 21 гренслем-трофеи во кариерата имаше лоша најава во пресрет на неговиот најомилен турнир Роланд Гарос, кој стратува на крајот на месецов, откако на двата Матерси на земјени терени, брзо испадна – во Мадрид во четвртфинале, а вчера во Рим во осминафинале.

„Кралот на земјата“ против Денис Шаповалов тргна фуриозно со 6-1 во првиот сет, ама потоа следеа маките и ги загуби следните два со 5-7, 2-6 за да испадне од турнирот во Рим и сето тоа како што вели поради веќе хроничниот проблем со стапалото, кое веќе долго време го мачи.

„Тешко ми е да ја прифатам оваа ситуација, стапалото повторно ме болеше, ама јас живеам со таа повреда, не е ништо ново. Ќе продолжам да играм додека главата не ми рече – доста е! Но, за жал секојдневието е многу тешко. Стапалото почна да ме боли за време на вториот сет и повеќе не можев да играм“, вели Надал.

Надал во март беше повреден откако му беа дигајностицирани напукнувања на ребрата, по што паузираше еден месец, па се врати сега за да фати форма за Роланд Гарос, ама...

„Ќе дојде денот кога главата ќе ми рече – тука е крајот. Доста беше. Засега играм зашто тоа ме прави среќен, но болката ти ја одзима желбата не само за игра, туку за живот. Проблем е што често преживувам голема болка. Јас уживам во ова што го работам, ама често сум несреќен. Ситуацијата со стапалото е доста тешка, тешко е да тренирате ден за ден, а треба добро да се движите за да бидете на највисоко ниво, но јас тоа не можам секојдневно да го правам. Не знам што ќе се случува во следните денови, но време е да ја прифатам ситуацијата и да се борам. Гледам позитивно и спремен сум за нови предизвици“, додава Надал.