Надал победи во три сета, загуби само осум гема, ама не – блескаше!

Рафаел Надал очекувано без проблеми дојдое до третото коло од гренслем-турнирот „Ролан Гарос“, откако вечерва, во три сета, го совлада домашниот натпреварувач Корентин Муте (6-3, 6-1, 6-4).

Но, без разлика на бројките, општиот впечаток беше дека шпанскиот тенисер не одигра во својот препознатлив стил и дека ќе треба да заигра многу подобро ако сака да дојде до 22. трофеј на најголемите светски тениски собири.

Триумфот над Муте беше јубилеен за Надал, за кого ова беше 300-та победа на гренслем-турнирите, од кои повеќе од една третина му се токму на терените во Париз каде што има скор 107-3.

Следен противник на Надал е Холанѓанецот Ботик Ван де Зандсхулп.