Надал победи експресно, „анонимуси“ играа маратон од дури – шест часа!
Но, триумфот на најголемиот фаворит за триумф во Париз не беше централна вест на вечерта, туку тоа беше маратонот на двајца релативни анонимуси, Лоренцо Џустино и Корентин Муте, чија пресметка траеше четири минути над шест часа, од кои повеќе од половина време беше потрошено во последниот сет.
Квалификантот Џустино на крајот беше подобар со 0-6, 7-6, 7-6, 2-6, 18-16, со што го одиграа вториот најдолг меч во историјата на „Ролан Гарос“, по Клемен-Санторо во 2004 години, кога играа 6 часа и 33 минути.
Апсолутен рекорд останува мечот помеѓу Џон Изнер и Никола Мау на Вимблдон во 2010, кога Изнер победи со 6-4, 3-6, 6-7, 7-6, 70-68 по рекордни 11 часа и 5 минути играни во три дена.