Надал пак загуби сет, ама обезбеди трето коло на Вимблдон

Најтрофејниот тенисер Рафаел Надал обезбеди трето коло на Вимблдон, без оглед што вторпат во низа во „загревачките“ две кола загуби по еден сет, па вечерва преку 102-от светски тенисер Ричардс Беранкис го продолжи патот кон својата 23-та гренслем титула.

Повторно Надал не одигра на највисоко ниво, но сепак беше подобар од Беранкис, кој успеa во третиот сет да остане во мечот, но немаше сили за поголема сензација против Шпанецот, славејќи со 6-4, 6-4, 4-6, 3-6.

Во израмнет прв сет, Беранкис го загуби својот сервис во десетиот гем за Надал да поведе со 1-0, а исто сценарио имаше и вториот сет, со тоа што Беранкис имаше брејк предност, па го загуби својот сервис во шестиот гем, за повторно да доживее брејк на свој сервис во клучниот десетти гем и Надал да поведе со 2-0, освојувајќи ги идентично тие два сета со 6-4.

Беранкис се врати во мечот откако на стартот на третиот сет направи брејк и таа предност ја одржа до крајот за да слави со 6-4, ама потоа Надал возврати во следниот со брејк на првиот сервис на противникот и го приведе мечот кон крајот со победа со 6-3 и пласман во третото коло