Надал нема да игра на Ју-Ес Опен!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал нема да игра на Ју-Ес Опен годинава, а тоа значи дека нема да ја брани титулата која ја освои лани.

Бранителот на титулата вели дека ситуацијата уште не е стабилна и не е безбедно да се игра, па поради тоа го откажал учеството на турнирот.

„По многу размислување решив да не играм на Ју-Ес Опен. Здравствената ситуација во светот е комплицирана поради коронавирусот и во моментов ништо не е под контрола. Тенис не се игра веќе четири месеци и тоа е лошо. Ова е одлука која не ја донесов лесно, но го послушав срцето и решив дека во моментов не можам да патувам“, напиша Надал.