Надал лут: Со Ѓоковиќ ќе одиграме поен со 56 удари и после имаме само 25 секунди пауза

Еден од најдобрите тенисери на денешницата и „крал на земјата“, Рафаел Надал бурно реагира на малата пауза од само 25 секунди помеѓу поените за време на тениските мечеви, сметајќи дека не може постојано да се одиграат квалитетни поени по кои публиката се воодушевува со толку кратка пауза помеѓи нив.

Според Надал, не е нормална кратката пауза за тенисерите да земат здив по еден (по)долг поен.

„За мене тоа не е идеална работа, ама ако е тоа правецот и желбата на луѓето кои го водат овој спорт, не ми преостанува ништо освен да го прифатам тоа и да играм. Јас затоа сум тука, за да ги прифатам правилата. Според нив, позитивната работа во целата приказна е дека ќе може да го контролираат времето помеѓу поените, но јас не се согласувам со нив. Од мое искуство, кога сте на терен публиката станува сè полуда, поемотивна и пострасна кога играте добри поени“, вели Надал.

Според него невозможно е да се очекува квалитетен и добар поен, како во случајот во дуелот со Новак Ѓоковиќ, кога одиграа 56 удари.

„Не знам, за мене тоа е потполно логично. Не може да очекувате добар поен откако јас и Новак ќе одиграме 56 удари, а потоа имаме само 25 секунди до следниот. Можеби оваа одлука е добра за 'бизнисот', за публиката дополнително да се вклучи, ама јас на сето тоа гледам многу негативно“, додава Надал.

Шпанецот е познат по неговите „ритуали“ како допирот на носот и некои делови од телото, поточно местењето на шорцот и сето тоа сега во пократок период веројатно ќе го прави уште понервозен.