„Надал и Ѓоковиќ се богати, имаат подмолни мисли“

Поранешниот капитен на американската Дејвис куп репрезентација, Патрик Мекинро, остро ги критикуваше Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Србинот и Шпанецот најавија дека нема да учествуваат на претстојниот САД Опен, кој е планиран од 31 август до 13 септември, доколку протоколот биде ригорозен и ако има долга пауза помеѓу доаѓањето на теренот и натпреварите.

Мекинро е вознемирен од изјавите на најдобрите тенисери во светот и верува дека САД Опен треба да се игра и покрај сè.

Не гледам причина зошто не треба да се организира САД Опен, освен ако ситуацијата не се влоши. Мислам дека повеќето тенисери ќе играат и не треба да ги слушаме мислењата на Надал и Ѓоковиќ. Тие се богати и нивните мисли се подмолни, со искривени факти. Слушнав и други тенисери и повеќето за да се игра, истакна Мекенро.

Новак претходно се побуни против најавената мерка дека само еден член на тимот може да биде со играчот.

Тоа е невозможно. Потребен ви е тренер, но и физиотерапевт и фитнес тренер, изјави неодамна Ѓоковиќ.

Надал, од друга страна, истакна дека во моментот нема да игра тенис, но ниту за два месеци ако не е сигурен.

Не би настапувал ова време во Њујорк. За два месеци ситуацијата би можела да се подобри. Се надевам дека ќе се игра и ќе биде безбедно, вели Надал.