Надал го прегази Вердаско и обезбеди полуфинале во Рим

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Рим, откако го победи сонародникот Фернандо Вердаско со 2-0, односно 6-4 и 6-0.

Надал во четвртокот одигра два меча, па загуби само два гема, а денеска беше малку полош, па загуби четири, но и покрај тоа продолжи со доминацијата на патот кон трофејот во Рим.

Во полуфинале ќе игра против Стефанос Циципас, откако Роџер Федерер го предаде мечот.

Диего Шварцман исто така се пласираше во полуфинале, а во наредниот меч ќе игра против подобриот од мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Хуан Мартин дел Потро.