„Многу сакав да играм со Ѓоковиќ за да го победам на патот кон тенискиот трон!“

Новиот најдобар тенисер во светот, Карлос Алкараз, кој се искачи на тронот по синоќешниот триумф во финалето на мастерс-турнирот во Индијан Велс против Данил Медведев (6-3, 6-2), во првата изјава како владетел не можеше да не го спомне Новак Ѓоковиќ.

Шпанецот изрази разочарување што Србинот не може(ше) да игра во САД, бидејќи сакал неговото искачување на врвот на АТП-листата да биде зачинето со триумф против еден од најдобрите на сите времиња.

„Сјајно е чувството да се биде најдобар, за мене тоа е остварување на сонот. Да се биде пред тенисери како Ѓоковиќ е нешто неверојатно. Тој е еден од најдобрите во светот, тоа е јасно. Јас секогаш сакам да ги победам најдобрите за да го земам нивното место. Навистина сакав да играм против Ноле во Индијан Велс, и преку него да дојдам до тронот. Но, не е до мене. Знам само дека ни недостасува на сите на турнирите и се надевам дека брзо ќе се врати во редовен ритам“, изјави Алкараз.

Пред шпанскиот тенисер сега е тешка задача да се задржи на првото место за што му треба само триумф на турнирот во Мајами, кој почнува задутре. Се друго освен победа на Алкараз, со оглед што брани максимален број бодови по победата лани, ќе значи враќање на Ѓоковиќ на врвот од тенискиот карван.