Медведев му се потсмева на Циципас: Мамо, ме тераа да пијам алкохол - беше одвратно!

Четвртиот тенисер на АТП - листата, Русинот Данил Медведев и седмиот рекет во светот, Гркот Стефанос Циципас, имаат многу чуден однос.

Веќе сите знаат дека не се поднесуваат премногу, а за тоа најдобро говори изјавата на Гркот по поразот во Шангај, кога истакна дека Русинот игра досаден тенис, па Медведев одговори во свој стил.

Прочитав што кажа. Секој тенисер може да каже многу за својот колега. Ќе ви кажам нешто. После интервјуто во Шангај, каде зборуваше како сме славеле за титулата во Лејвер купот, тешко може да го сфатите сериозно. Зборував за тоа со многу тенисери и умирав од смеа. Ќе го цитирам. Тој рече дека таму бил принуден да пие алкохол и дека е одвратно било тоа за него. Во ред, добро е, но сега доаѓа главната работа. Тој рече: Мамо, ме слушаш ли, беше одвратно! Сакаш да ти испратам видео.“ Тоа е навистина смешно, не можам повеќе да го сфаќам сериозно, изјави Медведев во интервју за руски „Спорт-експрес“.