Медведев го тргна руското знаме од Инстаграм, сонародниците бесни!
Медведев кој се спротивстави на воената интервенција на Русија врз Украина од биографијата го тргна руското знаме, по што многу Руси го навредуваа дека е „предавник“ и дека се откажува од својата земја.
The new world No. 1 tennis player Daniil Medvedev of Russia – the first player other than Djokovic, Federer, Nadal, or Murray to get to No. 1 since February 2004 – has deleted the Russian flag from his Instagram profile. pic.twitter.com/rhHtCk0aYJ
— Kimberly Givant (@KimberlyGivant) March 3, 2022
Но, првиот човек на руската тениска федерација, Шамил Тарписчев објави дека потегот е очекуван и нормален, зашто за да настапува Медведев според одлуките на спортските организации може да игра само како неутрален спортист, без истакнување на знамето или боите на руската федерација, како дел од жестоките санкции кон Русија.
„Ова беше неопходна мерка. Јас не сум разговарал со Данил, ама нас ИОК ни забранува да го истакнуваме нашето знаме, па дури и на социјалните мрежи“, рекол Тарписчев.
Руските клубови и репрезентации се исфрлени од сите натпреварувања во сите спортови, па така и од Дејвис-Купот, но руските поединечни спортисти, како тенисерите, може да настапуваат, ама само како неутрални спортисти, без истакнувања на обележја на својата земја.