Реал Мадрид враќа фудбалер кој го избрка во 2017 година

Реал Мадрид има големи проблеми со повредени фудбалери и ќе мора во јануари да се засили на неколку позиции, а шпанските медиуми пишуваат дека на листата со желби на претседателот Флорентино Перез се наоѓа еден поранешен член на шпанскиот клуб.

Перез разговарал со тренерот Карло Анчелоти и сака да го врати човекот кој го избрка во 2017 година, а тоа е Марио Хермосо.

Хермосо си замина од „кралскиот тим“ во 2017 година за сума од 12,5 милиони евра, а потоа играше за Атлетико Мадрид и Рома.

Искусниот фудбалер има договор со екипата од Рим до 2027 година, а неговата вредност се проценува на 18 милиони евра.