Шпанецот Раул две сезони од клупата ќе го предводи Пелистер!
Станува збор за искусен 45-годишен тренер, кој поголемиот дел од кариерата ја мина во Германија. Работеше како тренер во тимовите Обернбург и Рајн Мен Бинен, а во периодот од 2010 до 2015 година беше дел од стручниот штаб на германскиот гигант Кил. Со „зебрите“ освои две европски титули како помошник на Алфред Гисласон и придонесе кон освојувањето на повеќе домашни трофеи од Бундеслигата, Купот и Суперкупот на Германија. Подоцна ја презеде функцијата директор на академијата на Кил, а паралелно работеше и во Германската ракометна федерација.
Алонсо самостојна тренерска кариера ја почна во Австрија, каде со успех го водеше тимот на Тирол, а во 2018 година се приклучи на белорускиот клуб Мешков Брест, првично како асистент на Маноло Каденас, а подоцна и како главен тренер, со кој ги освои сите домашни трофеи и стигна до четвртфиналето на Лигата на шампионите. Шпанецот пред две години се врати во Германија, каде што го водеше тимот на Ерланген.