
Мареј: Ќе играм уште неколку месеци, па ќе се пензионирам!
Мареј ја запиша 500. победа на тврда подлога, а по мечот кажа дека до крајот на кариерата му останале неколку месеци.
„Ми делува дека немам уште многу до пензија, но ќе дадам сè од себе во последните неколку месеци од кариерата. Го сакам тенисот, но колку сум постар, толку ми е потешко да останам здрав“, кажа Мареј.