Македонија со пораз од Кипар го заврши настапот на Били Џин Кинг купот
На денешните натпревари не настапи нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа која се повреди на дуелот против Египет.
Прва играше Ана Митевска која освои само два гејма против Нина Андроничу. Беше 6-2 и 6-0 за тенисерката од Кипар.
Втора на терените излезе Магдалена Стоилковска која ѝ пружи поголем отпор на својата противничка Дариа Фрајмен, но и таа го загуби мечот. Беше 6-4 и 6-3 за домашната тенисерка.
Останува да се одигра уште мечот во двојки, за Македонија ќе настапат Божиновска и Митевска, но тој натпревар ќе нема резултатско значење.