Македонија ги дозна противниците на Дејвис купот

Македонската тениска репрезентација на денешената ждрепка ги дозна противниците во Третата Европска зона на Дејвис купот која ќе се игра во Улцињ од среда до сабота.

Македонските тенисери ќе играат во групата А против домаќинот Црна Гора и носителот Словенија, додека во групата Б се Кипар, Молдавија, Азербејџан и Косово.

Репрезентацијата на Македонија е составена од Димитар Грабул, Шендрит Деари, Берк Бугариќ и Амар Хусеиновиќ, а ги предводи селекторот Горан Шевченко

Македонија се наоѓа на 87. позиција на ранг-листата од Дејвис купот, додека Словенија е на 64. место, додека Црна Гора е на 93. место.