
Махач го елиминира Ѓоковиќ од полуфиналето во Женева
Ѓоковиќ имаше предност од 4-1 во првиот сет, но потоа Махач освои пет гема по ред за да слави со 6-4.
Србинот беше одличен во вториот сет и го освои со 6-0, додека во последниот Ѓоковиќ имаше проблеми во играта, а тоа го искористи Чехот кој славеше со 6-1.