„Кралот на земјата“ на колена во Барселона: Де Минор го растури Надал!

Австралискиот тенисер Алекс Де Минор се пласира во осминафинале на турнирот во Барселона, откако славеше против „кралот на земјата“, Рафаел Надал со 2-0 во сетови, односно 7-5 и 6-1.

Надал конечно се врати на неговата омилена подлога, но долгата пауза очигледно остави последици и тоа можеше да се забележи на средбата против Де Минор.

Шпанецот понуди интересен тенис во првиот сет и му парираше на Де Минор, кој го доби сетот со 7-5, додека во вториот дел го засили темпото и го надигра поранешниот најдобар тенисер во светот.